×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се поставуваат нови автобуски постојки

    21.11.2017 14:25 | KumanovoNews

    На повеќе локации во градот веќе неколку дена се заменуваат старите со нови автобуски постојки.

    Се поставуваат нови автобуски постојки

    Урбана опрема се поставува на булеварите Октомвриска револуција, Трета МУБ, улиците Гоце Делчев и 11 Октомври. Во првата фаза ќе бидат поставени 12 нови постојки, а до крајот на годината 24.  Проектот чини 40.000 евра, а го реализираат превозниците Оли-травел, Штуз и Јоцо-турс, кои вршат лиценциран јавен градски превоз во градот.

    „Ја реализираме првата фаза од договоророт со Општината за поставување на нови и реконструкција на постоечките автобуски постојки во градот. Оваа година ќе бидат заменети 50 проценти од постојките, наредната година 30 отсто и во 2019 останатите 20 одсто. Долго време бевме прозивани поради ова, дури предходниот градоначалник се закани дека ќе ни ги одземе лиценците за превоз, но со мало задоцнување поради економската состојба, ја реализираме обврската“, - вели Оливер Стефановски, сопственик на Оли-травел.

    Тој апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема и да го користат лиценцираниот јавен превоз, наместо дивите превозници заради општо добро на граѓаните, пред се нивната безбедност, зачувување на животната средина  и намалување на сообрќајниот метеж во градот.

    Покрај во централното градско подрачје, дел од реконструираните постојки ќе бидат поставени во населбите Којнаре, Перо Чичо, Ајдучка Чешма и Пуковско.