Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По големите поплави што вчера ги зафатија селата во Старо Нагоричане, откако се излеа реката Пчиња, денеска состојбата се нормализира. Мобилизирани се сите расположиви сретства во Општината, а Кризниот штаб постојано е на терен.
Прогласена е вонредна состојба, а Комисијата за проценки на штети ќе работи со денови за да ја утврди состојбата на теренот и последиците што ги предизвика невремето.
Денеска прогласивме елементарна непогода во Општината и ги вклучовме сите расположиви средства за санирање на штетите од поплавите.Со години немало ваква поплава со последици од вакви размери. Се надевам дека Владата ќе помогне со средства што ќе бидат наменети за регулација на речното корито на Пчиња. Екипи од јавните претпријатија денеска го рачистуваа шутот од мостовите и локалните патни правци за да се обезбедат услови децата да тргнат на училиште.Советот на Општина Старо Нагоричане одржа вонредна седница и формираше Комисија за проценка на настаните штети од катасрофалните поплави-изјави градоначланикот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.
Од поројните дождови поплавен беше и Спортско-рекреативниот комплекс во Пелинце. Според директорот на кумановскиот музјеј нема оштетувања на музејскиот дел на Меморијалниот центар на АСНОМ..
По завчерашните и вчерашните поплави под вода се и бавчите , пластениците и зелката , компирот , сончогледот во селото Пчиња и Студена Бара.Во месноста викана Средорек во селото Пчиња поплавени се околу 10 хектари обработливо земјиште, со рано-градинарски култури.
Земјоделците се надеваат дека надлежните ќе им излезат во пресрет и ќе извршат обештетување за средствата кои ги вложиле за расад, ѓубриво и обработка на пиперот и доматот.