×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се празнат средните училишта во Куманово, до полугодие се отпишале 63 ученици

    29.01.2025 14:17 | Оливера Пешевска

    Вкупно 3.844 ученици во 199 паралелки се запишани во учебната 2024/2025 година во четирите средни општински училишта во Куманово. Во секоја паралелка просечно има околу 20 ученици, што е под законскиот минимум.

    Се празнат средните училишта во Куманово, до полугодие се отпишале 63 ученици

    Покрај малиот број на новозапишани продолжува и трендот на отпишување, па годинава само во првото полугодие си заминале 63 средношколци, додека за цела година лани се отпишал 61 ученик.

    Директорите бараат дозвола за формирање на паралелки под законскиот минимум, но малиот број на ученици повлекува бројни проблеми во образованието.  

    „Последен збор го има МОН, но ова година се соочивме со она што значи рационализирање или оптимизирање, кое беше најавено за основните училишта. Нам ни се случи во некои училишта да се скрати по една паралелка, а во Гимназијата две. Наидовме на проблем за формирање и одржување на часови, со наставниците пред се на неопределно работно време, а потоа и на наставниците на определно. Успеавме да ги задржиме оние на неопределено, но со нивно заминување во пензија часовите се заменуваа со часови од вработени колеги, а потоа со часови од времен карактер преку директори, заменици директори. Се надополнуваше фондот и со часови на наставници чии договори завршија на 31 август 2024 година“, објасни Александар Јовановиќ, раководител на Сектор образование.

    На македонски наставен јазик настава следат 2.030 ученици во 104 паралелки, или 19,5 ученика во една паралелка. На албански наставен јазик настава следат 1.784 ученици во 91 паралелка, односно просечно 19,6 ученици. Најслаб одѕив има кај наставата на српски јазик – просекот тука е 7,5 ученика во клас, само 30 средношколци следат настава во 4 паралелки.  
    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ на македонски јазик настава следат 690 ученика во 36 паралелки, на српски 30 во 4 паралелки. Во Гимназијата „Сами Фрашери“ се запишани вкупнои 568 ученика во 28 паралелки. Во економското „Перо Наков“ настава на македонски јазик следат 581 ученик во 34 паралелки, на албански 295 деца во 25 класа. Техничкото „Наце Буѓони“ е најбројно, има запишано 759 ученика на македонски во 34 паралелки, на албански 921 ученици во 38 класа.

    Најатрактивни насоки се оние кои се во областа на информатички науки и медицинско образование.

    Во статистиката и вкупниот број не се учениците од земјоделското „Киро Бурназ“, затоа што тоа училиште има статус на регионален центар и е под надлежност на МОН.