Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа на магистарлниот пат Куманово-Крива паланка, во селото Војник, кога се превртел камион кој превезувал сладолед.
Повредениот, триесет и осумгодишен возач од Студеничани, скопско, бил пренесен со возило на Итна помош на хируршкото одделние во Општа болница Куманово.
До несреќата дошло кога на камионот му пукнала гума, по што возилото се превртело и излетало од патот.
Камионот со сладолед требало да стигне во Турска.