Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од “Наце Буѓони“, денеска во Комерцијална банка организираа хуманитарен базар на кој по симболична сума ги продаваа ракотворбите изработени од корисниците на “Порака наша“.
Сите производи се од рециклирани материјали, има исто така и употреба на филц. Овие предмети се продаваат по повод Свети Валентин и денот на виното Свети Трифун. Секогаш може подобро, но сепак има одзив од луѓето. Тоа што се изработени во “Порака наша“ дополнително ги мотивира да купат и да помогнат - вели Магдалена Бошковска, ученичка во “Наце Буѓони“.
Соработката помеѓу училиштето “Наце Буѓони“ и Дневниот центар “Порака наша“ трае 4 години.