×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструира мостот во Проевце, проектот чини 1 милион евра

    21.02.2022 15:27 | Сузана Николиќ

    Започна санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Проевце. Вредноста на проектот е околу 1 милион евра, а средствата се обезбедени од државата. 

    Се реконструира мостот во Проевце, проектот чини 1 милион евра

    Со реконструкцијата ќе биде опфатен целиот мост, кој се наоѓаше во катастрофална состојба, со дупки по коловозот и скршена заштитна ограда.  

    „Градежните активности опфаќаат санација на столбовите, менување на лежиштата, санација на челичната конструкција, санација на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари. Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742, 00 денари без ДДВ“, соопштуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

    Санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Р1204 кај село Проевце ја изведува фирмата „Синтекс инжинеринг“ Скопје, а подготовките се започнати при крајот на минатата година. Рокот за изведување на градежните работи е 15 месеци.

    Пред две години беше реконструиран регионалниот пат Куманово-Свети Николе во должина од 42 километри, а во тек е реконструкцијата на мостот на реката Пчиња.