Се реконструираат спортските игралишта
17.08.2012 11:50
| KumanovoNews
Во населбата Гоце Делчев се реконструираат две спортски игралишта.
Претходно беа монтирани два коша на истата локација. Сега е поставена метална мрежа со зелена боја и површина од 425 метри квадратни. Општина Куманово со овие активности сака да обезбеди спортски терени каде младите ќе се рекреираат. Тие се надеваат дека на споменатата локација ќе продолжи трдицијата да се игра кошарка. Ако постои интерес меѓу граѓаните реновирани ќе бидат и други игралишта во градот.