×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реновираат 13 соби во „Зафир Сајто“

    28.10.2015 10:53 | KumanovoNews

    Се реновираат 13 соби, 13 тоалети и една бања во Домот за стари лица “Зафир Сајто“.

    Се реновираат 13 соби во „Зафир Сајто“

    Оваа инвестиција се реализира со 2.4 милиони денари, средства на установата, а реновирањето треба да заврши околу Нова година.

    Како што знаете се соочувавме со многу лоши услови, особено во одделот на геријатријата и овој дел што го реновираме, прв реон како што го викаме ние. Со реновирањето на геријатријата и на првиот реон што брои 13 соби, мислам дека значително ќе се подобрат условите за сместување. Очекуваме да продолжиме и наредната година. Секоја година по фази сакаме да ги подобриме нашите услови. Со почнување на реконструкцијата малку го стопиравме примањето, бидејќи моментално немаме слободна соба - изјави Џемаљедин Неџипи, директор на “Зафир Сајто“.

    Во „Зафир Сајто“ моментално се згрижени 153 стари луѓе од повеќе градови од Македонија.