Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се реновираат санитарните јазли во ученичкиот дом во село Драгоманце, со пари од Чешката амбасада добиени преку општина Старо Нагоричане.
Реновирањето ќе заврши за месец дена, со што условите во интернатот значително ќе се подобрат.
“Санитарните јазли не се реновирани 20 години. Ќе ставиме и нови бојлери, така што децата сместени кај нас во секое време ќе имаат топла вода. Во план ни е со странски пари да ја реновираме и кујната во интернaтот“- рече Стојка Спасовска, директорка на интернатот.
Во овој ученички дом се сместени 23 деца од селата во општина Старо Нагоричане, и истите посетуваат настава во основното училиште “Христијан Т.Карпош“.