Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела со помош на неповратни средства од државата се вработија уште 23 кумановци.
Предност им се дава на младите невработени, а тие најчесто одлучуваат да отворат занаетчиски дуќани.
23 нови фирми се во фаза на отварање. Доделени им се на кандидатите 3.000 евра неповратни парични средства по приложени фактури. Тоа се луѓето кои аплицирале на вториот оглас и сега самовработувањето се реализира - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
За оваа мерка за вработување има голем интерес и се прави селекција на кандидатите кои аплицираат.