×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се шири гасификацијата во градот

    21.05.2010 13:48 | KumanovoNews

     Се интензивира работата на проектот за гасификација на централното градско подрачје. Екипите на Јавното претпријатие „Кумановогас„  деновиве работат на поставување на гасоводната дистрибутивна мрежа на булеварот „Октомвриска револуција„.

    Се шири гасификацијата во градот

     Согласно проектот продолжуваме со ископи, поставување на полиетиленски цевки,под булеварот Октомвриска Револуција значи поврзување на еден поголем локалитет со стамбени згради со нашата главна гасоводна мрежа.Со ова се усогласуваме со нашата програма за работа, односно поголем дел од градот да биде поврзан што поскоро и да биде приклучен кон гасоводната мрежа - вели Олгица Димитриевска, архитект во ЈП „Куманово гас„.

    Досега се завршени работите на секундарната мрежа кај училиштето „11 Октомври„ детската градинка „Синоличка„ и по проектот треба да се продолжи на улицата „11 Октомври„ каде треба да бидат приклучени повеќе јавни објекти, како што е Општинската зграда, Македонски Пошти, Општински суд и други јавни административни објекти.