×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се шири гасоводната мрежа кон Градската болница и Зелен рид

    13.05.2020 09:27 | KumanovoNews

    ЈП „Куманово-гас“ продолжува со проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа во централното градско подрачје, со што го зголемува бројот на приклучоци на индивидуалните потрошувачи.

    Се шири гасоводната мрежа кон Градската болница и Зелен рид

    Како што информираат од јавното претпријатие, во следниот период главен акцент ќе биде ставен на гасификација на стамбените згради во населбата Зелен рид, поточно на улицата „Васко Карангелевски“, во должна од околу 1 км, а исто така во должина од 1 км ќе се пристапи и кон ширење на дистрибутивната гасоводна мрежа во правец на Општата болница.

    „Во следниот период се планира гасоводната мрежа да биде проширена за 2 километри, акцентот ќе биде ставен на Општата Градска Болница, се надевам дека оваа година ќе биде завршена. Од наша страна обврската којашто треба да ја исполниме од создавање на технички услови ќе биде завршена и  понатаму обврската останува на Министерството за здравство да издвои средства истиот објект да биде приклучен. Во изминатите два месеци во должина од 500 метри е проширена дистрибутивната мрежа и на улиците „Димитар Влахов“ и „Ива Лола Рибар“ “, вели Никола Денковски, директорот на ЈП „Куманово-гас“.

    Тој апелира до граѓаните коишто се заинтересирани за приклучување кон мрежата, да отидат во нивните простории каде што ќе им се дадат комплетни информации.

    Централното градско подрачје на Куманово претежно е гасифицирано, со приклучоци на околу 40 улици.

    (фото архива)