×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се шири лажен маил дека сте биле во контак со заболен од коронавирус

    11.05.2020 11:34 | KumanovoNews

    Маил со лажна содржина и од лажна адреса што наликува на Министерството за здравство се шири низ интернет просторот, предупредваат од Министерството за здравство (МЗ).

    Се шири лажен маил дека сте биле во контак со заболен од коронавирус

    „Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација“, соопштуваат од Министерството.

    „Мојот колега ве контактираше порано, но немаше одговор од вас. Претходно минатата недела, имаше три потврдени случаи на КОВИД-19 во вашата област и еден од пациентите ве наведе како еден од нејзините физички контакти во последните 14 дена. Во согласност со модалитетите на контактните траги и законите на кои работиме во Министерството за здравство на Македонија, препорачуваме да поднесете тест за КОВИД-19. Потребните детали за вашето назначување во Министерството за здравство на Македонија се содржани во приложената форма. Прочитајте ги упатствата правилно и проверете дали сте тестирани, бидејќи неуспехот на тоа ќе резултира во апсење и гонење. Ако имате какви било прашања во врска со оваа е-пошта, слободно контактирајте ме во секое време“, пишува во пораката.

    Од Министерството додаваат дека е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, кој веќе постапува за овој случај.

    Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.