Се скрши крстот во „Свети Ѓорѓи„ во Бабин Дол
Се скрши светиот крст во црквата „Свети Ѓорѓи„ во населбата Бабин Дол во Куманово.

Парчиња од металниот крст се разлетале по водата и завршиле во рацете на повеќе млади кои скокнале во базенот. Наградата му припаднала на Павел Петровиќ, кој го фатил најголемиот дел од крстот.
Крстот се скршил најверојатно затоа што имало малку вода во базенот или затоа што попот бил многу силен па го фрлил на бетонот. Господ сакал да се раздели на повеќе луѓе по малку. Не треба да се гледа негативна симболика во случката, туку напротив само позитивна бидејќи сите кои биле во црквата ќе си однесат дома среќа и благодет, - вели еден кумановски свештеник.
Тој додава дека никогаш досега не се случило во кумановско да се скрши светиот крст додека се фрлка во водата, но за се постои првпат. Додека свештениците и во кршењето на крстот гледаат среќа, постарите веруваат дека тоа не е на арно.