Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените од ЈП “Чистота и зеленило“ почнаа акција за средување на Градскиот парк зад автобуската станица.
Екипи од претпријатието ја косат и полеваат тревата, а го чистат и изнесуваат сметот од речното корито.
Ова е продолжение од саботната акција и ќе направиме се што е во наша надлежност паркот да го доведеме во состојба каква што доликува. Наводнувањето ни оди тешко бидејќи го вршиме со цистерни со пумпа од река, но се справуваме. Се работи техничкиот дел. Се сечат исушените гранки, се поливаат дрвјата со вода и се отрга сметот со машини. Влезот на паркот постојано се чисти, можеби тоа сме направиле десетпати до сега, но ноќе тука се прават депонии, се фрла шут со трактори - вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП “Чистота и зеленило“.
Граѓаните ја поздравуваат акцијата и велат дека зеленилото треба да се оддржува со што и градот ќе изгледа поубаво.
Убаво е што ќе го исчистата и средат паркот, но бараме општината да постави играчки и лулашки за децата. Тоа ќе биде добро и за градот, не само за нас. Недостасуваат клупи и корпи за отпадоци- рече Рамадан Салии, жител на улицата “Братство Единство“.
Тие сметаат дека паркот ќе добие нов лик доколку редовно се оддржува и се засади со цвеќе.