Се тампонира патот Виштица - Матејче
28.10.2014 10:36
| KumanovoNews
Се тампонира патот Виштица - Матејче во должина од 3 км.

Овој проект се реализира со средства на општината и донации од месното население.
“Средставата за тампонирање се комбинирани. Патот беше оштетен и сега се тампонира, се прават банкини. Ставени се над 300 кубици тампон“ - велат од општина Липково.
Со тампонирањето ќе се подобри инфраструктурата за околу 1000 жители колку што живеат во Виштица.
Претходно општината направи тампонирани патеки од селото до селските гробишта.