×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се влошува состојбата на родилката од Куманово

    07.04.2020 17:38 | KumanovoNews

    Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на КОВИД-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

    Се влошува состојбата на родилката од Куманово

    „Има влошување на состојбата кај родилката од Куманово, таа е се` уште респираторно самостојна, но има значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови“, - изјави Филипче.

    Дваесет и седумгодишна кумановка, на први април се породила со царски рез на  Клиниката за гинеколошко акушерската клиника во Скопје.

    На 31.03.2020 родилката почна да развива потешка клиничка слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

    - Жената при приемот била без покачена температура, но во својот исказ посочила дека пред три дена имала треска и се пожалила на сува кашлица.  Таа укажала и на тоа дека член на семејството има симптоми кои може да укажуваат на инфекција со КОВИД- 19, -соопштиа тогаш од Клиниката за гинекологија и акушерство.