×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се воведува јазик и култура на Роми во “Христијан Карпош“

    16.10.2015 12:24 | KumanovoNews

    Во основното училиште “Христијан Карпош“ е воведeн изборен предмет јазик и култура на Роми, кој ќе го изучуваат децата од трето одделение. 

    Се воведува јазик и култура на Роми во “Христијан Карпош“

    Ова е прво училиште во градот каде се воведува ваков изборен предмет. Петнаесет деца од ромска популација во трето одделение ќе го изучуваат предметот, а на ниво на училиштето има сто деца Роми, при што 23 се првачиња од ромска националност. 

    Се надевам дека многу ќе придонесе за инклузија во воспитниот процес, соживот, и ќе придонесе за постигање на подобри воспитно образовни резултати. Негативни ефекти од ова не гледам. Дојдена е новата наставничка по ромски јазик која се труди и голем оптимист сум за напредок и успех на овој проблем“ - изјави Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“. 

    Децата ќе почнат со изучување на ромската азбука која се состои од 32 букви и правописот. 

    Слична е ромската азбука како македонската, има неколку букви различни , но тоа не би било проблем. Со зборовите, со ромскиот јазик ќе им биде потешко бидејќи се навикнати на друг јазик, не на правописниот, не на тој јазик кој е според книгите и нашиот речник. Засега се добри, изразуваат желба, сакаат да работат“- рече Елвира Мустафова, професор по ромски јазик и култура. 

    Од невладините организации се задоволни што со напори на локалната самоуправа и Министерството за образование е воведен овој изборен предмет, преку кој децата ќе го учат ромскиот јазик и култура. 

    Тоа е еден добар гест од страна на локалната самоуправа и Министерството за образование. Успеавме со претставници од невладиниот сектор и граѓанските активисти да се воведе ромскиот јазик и култура, што ќе значи дека нашите деца ќе го изучуваат ромскиот јазик, културата, историјата, што останатите постари генерации тоа го немаа“ - кажа Ахмет Јашаревски од ДРОМ. 

    По повод воведувањето на изборен предмет јазик и култура на Роми, во училиштето имаше приредба.