Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Публиката се повеќе се враќа во театарот и постеноста на претставите е зголемена, велат од театарот Куманово.
Тоа го поткрепуваат со фактот што претставата “Нажалена фамилија“ само во една вечер ја погледнале над 730 посетители.
Ваква посетеност не е забележана во последниве 5 години. Драстично се зголемува бројот на посетители, што за нас е огромно задоволство. Иако се одобрени само 2 претстави на македонски јазик на годишно ниво, во интерес ни е да имаме пред се кумановска публика. Се повеќе доаѓаат и луѓе од другите градови на Македонија за да ја погледнат “Нажалена фамилија“, а “Тања Тања„ бидејќи е камерна претстава таа е ограничена на 80 до 90 места, но со посетеноста ги задоволува нашите критериуми. Не само премиерата која беше распродадена за 2 дена за “Денови на комедија“, туку и следните репризи имаа толку многу посетители што моравме да го активираме балконот на театрот - вели Симона Тоскиќ, продуцент во театар Куманово.
Таа вели дека работат на враќање на постарите претстави на репертоарот и тоа останува да се реализира во 2014 година.“Тања Тања“ е модерна претстава која зборува за љубовта, а “Нажалена фамилија“ е комедија со текст адаптиран на денешното време.
Двете претстави се репризирани неколку пати, а кумановци во сабота ќе можат за последен пат во ова календарска година да ја погледнат претставата “Нажалена фамилија“, а во понеделник ќе се прикажува “Тања Тања“.