Се запали автоелектричарски дуќан
24.06.2014 07:46
| KumanovoNews
Во пожар вчера изгоре дел од автоелектричарски дуќан на улица “Трета МУБ“ во близина на Зелен Пазар.

Пожарот избуванал околу 6 часот, а зафатил и еден автомобил кој бил на поправка.
По интервенција на противпожарната служба огнот е локализиран.
Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.