Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Камион на смет на ЈП „Чистота и зеленило“ се запалил утринава додека вработените собирале смет во двор на приватна фирма.
Пожарот експресно бил изгаснат, настаната е помала штета, а во инциденотот нема повредени работници.
„Пожарот е настанат од несоодветно одложен отпад, единствено благодарение на присебноста на шоферот веднаш е забележан и навремено е реагирано. Со тоа е спречено настанување на поголема материјална штета или човечки повреди. За многу кусо време е изгаснат, со интеревенција на пожарникарите“, објасни директорот Ненад Стојановски.
Екипите на СВР Куманово и крим- техника работат на случајот и на откривање на виновникот.
Камионот е повлечен во механичарската работилница на претпријатието, каде се утврдуваат оштетувањата или евентуални дефекти, а по нивно санирање повторно ќе биде ставен во употреба.
„Апелираме до сите физички и правни лица да се однесуваат совесно и да ги почитуваат законите во дел на одлагање на отпадот за да не се доведуваме до вакви непожелни ситуации. Фрлање на несоодветен тип на отпад е ризик за вработените, граѓаните и целото општество и треба најстрого да се санкционира“, реагираат од јавното претпријатие.