Се запали куќа на „6-ти април“
24.12.2015 10:59
| KumanovoNews
Пожар вчера избил во куќа на улицата „6-ти април“ бб во населбата Перо Чичо во Куманово.

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари, во период од 10.30 до 13.35 часот.
Се работи за мала куќа, запалени се две простории и изгорена е целата покуќнина - вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Причината за појава на пожарот како и материјалната штета не се познати. Во последниве два дена во Куманово се опожарени две семејни куќи.