Се запалил оџак на куќа на “Бајрам Шабани“
15.01.2014 09:42
| KumanovoNews
Во куќа на улица “Бајрам Шабани“ синоќа се запали оџак. Пожарот избувнал околу 21 часот, по што била повикана Противпожарната единица.

Со едно возило и 3 пожарникари пожарот е ставен под контрола да не се прошири на останатиот дел од куќата.
Од Противпожарната служба информираат дека не е причинета голема материјална штета. Огнот се појавил поради неисчистен оџак.