Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Патничко возило „бмв“ се запалило пред граничниот премин Табановце додека било во движење, нема повредени.
„На 21 мај во 23.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот пред Граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П.(23) од Куманово. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема“, соопштуваат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.