×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се затвораат зелените пазари во Куманово

    28.03.2020 13:35 | KumanovoNews

    Да се затворат двата зелени пазари во градот, побара Општински штаб за заштита и спасување на Куманово.

    Се затвораат зелените пазари во Куманово

    - ЈП Пазаришта Куманово почнувајќи од 28.03.2020 да ги затвори сите зелени пазари на територија на Општина Куманово со напомена дека истава препорака не важи за трговските дуќани кои се закупци во ЈП Пазаришта Куманово,  со напомена дека истава препорака не важи за трговските дуќани кои се закупци во ЈП Пазаришта Куманово, - соопштуваат од Кризниот штаб.

    Како мерки за заштита од коронавирусот, Општинскиот штаб ги донесе и следните препораки, заклучоци и мерки:

    - Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово,

    - Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово и ЈЗУ Општа Болница, со зголемување на бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово,

    - Се забранува на сите невладини организации и здруженија да не организираат лични донации на територија на Општина Куманово без предходна координација со Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст – Куманово, поради спречување на несакани собирања на поголеми групи на граѓани при дистибуирање на самата донација

    - Започнавме акција за делење на хуманитарни пакети на социјално најзагрозени категории на граѓани територија на Општина Куманово.