×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемуваат цените на горивата

    16.06.2020 12:48 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98% во однос на цените на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од минатата недела.

    Се зголемуваат цените на горивата

    Од денеска, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.

    Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажната цена ќе бидат следните:

    ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.