×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемуваат цените на горивата за 1 денар

    22.06.2020 12:11 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.

    Се зголемуваат цените на горивата за 1 денар

    Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните:

    ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит,

    ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит,

    ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52,00 ден/лит и

    Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и ќе изнесува 25,396
    ден/кг.

    Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 5,531%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,256%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 5,965% и кај мазутот зголемување e во просек за 2,735%.

     (Д.Д)