Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице го загуби животот, а друго е повредено, откако врз нив паднало дрво кое го сечеле во шума во планинското село Гошинце, општина Липково.
Несреќата се случила вчера околу пладне, по што повредените биле пренесени во Кумановската болница.
„Во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26) од село Лопате, кумановско. По преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал. По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција“, соопшти СВР Куманово.