×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шеќеринска на трибина на СДСМ во Куманово

    25.11.2014 13:09 | KumanovoNews

    Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, утревечер во 19 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе говори на трибина што ја  организира СДСМ.

    Шеќеринска на трибина на СДСМ во Куманово

    На трибината ќе се зборува за актуелните случувања на политичката сцена во Македонија.

     “По успешниот „Црвен ноемвриски марш„, од кој сме многу задоволни како општинска организација, бидејќи повеќето членовите на СДСМ и голем дел од наши сограѓани се одзваа на поканата, и со оваа активност даваме свој придинес на политичкото поле во Куманово, со цел за што подобро појаснување, дообјаснување и презентирање на нашите политики. На трибината ќе се зборува за актуелните, дневно политички состојби во Република Македонија“ - изјави Мартин Костовски, претседател на општинска организација на СДСМ Куманово.

    Трибината ќе ја води Радмила Шеќеринска, а ќе присуствуваат: генералниот секретар Оливер Спасовски, градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на општинската организација, Мартин Костовски, Максим Димитриевски претседателот на Советот, пратеникот од Куманово Љубиша Николиќ, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, пратеничката Соња Мираковска и други.