Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седат Зулбеари е назначен за ВД директор на Здравствен дом Куманово. Тој по професија е економист, магистер по финансии, а на функцијата доаѓа од приватниот сектор.
Се уште се запознавам со работата и луѓето, вчера поминав во сите сектори и одделенија за да остварам контакт со колегите. Ме упатуваат во работата и актуелните потреби на институцијата, но ги назначуваат и хроничните проблеми кои го отежнуваат или оневозможуваат работниот процес. За плановите не можам да зборувам додека детално и прецизно не ги скенирам состојбите, но можам да ветам дека ќе сторам се за унапредување на здравствената услуга за пациентите, за исполнување на она што е битно и неопходно за вработените и дека заеднички ќе создадеме институција која ќе стои на цврсти нозе“, истакна Зулбеари.
Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Фарук Алили.