Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците денеска го изгласаа предлогот за снимање на седниците на Советот на Општина Куманово и нивно интегрално емитување на локалните тв канали.
Успеавме една ваква одлука да донесеме со широк консензус со 27 присутни, едногласно донесовме одлука. Врз основа на оваа одлука градоначалникот е задолжен од страна на Советот да спроведе постапка за јавни набавки каде што ќе избере првин на кој начин ќе се спроведе ова. Мора да се реши прво снимањето, потоа емитувањето. Има различни концепти дали опремата за снимање и снимањето да го врши локалната самоуправа или истото да го вршат локални медиуми. На релација Совет - градоначалник - администрација веројатно ќе има некои консултации да дојдеме до најдоброто решение, а потоа да се оди на јавна набавка во делот на целосното емитување на седниците на Советот - рече Виктор Цветковски, претседател на Советот на општина Куманово.
Ваквиот начин на работа го практикува општина Струмица, Крива Паланка, во региониот Бања Лука. Се покажало дека седниците се со висок процент на гледаност. Цветковски објаснува дека граѓаните ќе можат да увидат кој се бори за нивните интереси, а на седниците се расправа многу често за урбанизам и други теми кои ги засегаат граѓаните.