Седумнаесетгодишна девојка со автомобил излетала од автопатот, возилото се запалило
18.06.2026 13:11
| KumanovoNews
Седумнаесетгодишна девојка од Куманово е повредена откако со автомобил излетала од автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, а возилото потоа се запалило.
Како што соопшти полицијата, несреќата била пријавена вчера во 12:10 часот во СВР Куманово.
Патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17-годишната девојка, излетало од коловозот, по што избувнал пожар во возилото.
Според информациите од СВР Куманово, истиот ден нејзиниот брат пријавил дека девојката се оддалечила од домот.
По несреќата, малолетничката била пренесена во Општата болница во Куманово, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Причините за несреќата се утврдуваат.