Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани со пратениците Флора Кадриу и Абедин Зимбери, денеска ги посетија стечајните работници во Куманово кои скоро три месеци штрајкуваат со глад. При тоа им даде целосна подршка да опстојат во нивнитебарања и вети дека пратеничка група НД во Парламентот ќе го подржи Законот за стечајци, доколку биде предложен.
Поради лошата економска политика не само што сте доведни на работ на егзистенција, туку и вашиот опстанок како луѓе е доведен во прашање. Ние имавме средба и пред претседателките избори и уште тогаш ви ветив дека ќе ве подржам независно од резултатите. Денеска сме тука вашата грижа да ја пренесеме секаде каде мислиме дека може да се даде допринес за да се реши овој проблем. Дискриминацијата што перменентно се случува во нашата држава по разни основи, се случува и кај една дел од стечајците, кои не по своја вина останаа на улица - рече Селмани.
Тој смета дека државата не може повеќе да лаже нема пари за стечајците, бидејќи на секој чекор се градат музеи, филхармонии, споменици со стотици милиони еври народни пари. Затоа ја повика владејачката гарнитура да најде начин и дел од сретставта од проектот „Скопје 2014“ да пренамени за изградба на некој стопански капацитет во Куманово, каде ќе се вработата нови луѓе, на да најде начин и да ги згрижи семејствата на овие луѓе.
Стечајците му се пожалија на Селмани дека власта го игнорира нивниот штрајк и најавија дека на 2 март ќе протестираат пред Владата.