Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центрот за социјални работи во Куманово во првата половина од годинава има поднесено над 40 пријави за семејно насилство од кои две се однесуваат за насилство врз мажите.
Жртвите на семејно насилство се почесто бараат помош од надлежните институции и сметаат дека станува збор за проблем во чие решавање треба да се вклучат професионалните служби.
Откако ќе добиеме пријава ние како институција сме должни да излеземе на терен да ја утврдиме фактичката состојба. При тоа задолжително разговараме со жртвата и со семејството за да знаеме кои конкретни мерки треба да ги превземеме. Потоа ги контактираме и консултираме другите институции судот,полицијата, здравството и доколку има потреба носиме конкретни решение- вели Елизабета Анѓеловска, социјален работник во одделот за семејното насилство.
Најчесто жртви на семејното насилство се жени, иако мал број има и мажи,а од насилството најзастапено е психичкото и физичкото млтретирање. Центарот за социјални работи нуди и бесплатна правна помош на жртивите. Стручениот тим составен од социјален работник, психолог, правник има право за привремена заштита на жртвата и згрижување во шелтер центри.
Статистиката покажува дека секоја втора жена е жртва на психичко насилство, секоја петта на физичко насилство, додека секоја десетта жена е жртва на сексуално насилство.Но жртвите не се секогаш само жените,иако во многу помал број, но и мажите се некогаш жртви на семејно насилство.