×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејството Младеновски од Враготурце доби шпорет на дрва

    27.12.2016 14:04 | KumanovoNews

    Шпорет на дрва и поголема количина на друга хуманитарана помош подари  хуманитарната организација “Крепост“ на семејството Младеновски од планинското село Враготурце.

    Семејството Младеновски од Враготурце доби шпорет на дрва

    Во пресрет на новогодишните празници, членовите на организацијата се организираа да помогнат откако беше објавена приказната за тешкиот живот на ова осумчлено семејство, кое живее во голема сиромаштија.

    „Во изминатите две три недели членовите на хуманитарната организација во соработка со хуманите граѓани и Алфи Техноцентар одлучивме да организираме донација за осумчленото семејство од селото Враготурце. Семејството ни кажа што им е најпотребно во овие зимски денови и од парите што ги донираа граѓаните купивме шпорет. Исто така собравме и храна ,облека, сретсва за хигиена, постелнина, обувки, кои ги подаривме на семејството„- изјави Христијан Георгиевски, претседател на „Крепост“.

    Помошта ја прими Новко Младеновски, кој има целосно оштетување на видот. Тој со солзи во очите се заблагодари на граѓаните.

    „Многу ни значи оваа помош бидејќи шпоретот што го имаме дома е скршен и не грее. Многу сум благодарен, бидејќи живееме во празна куќа. Ни недостасува се, а најмногу некој душек, кревет, немаме садопер, машина за перење„, - вели Новко.

    Семејството Младеновски покрај финансиски и здравствени проблеми, мака мачи и како да ја одведе на училиште осумгодишната Елеонора, која треба да помине десетина километри за да стигне во соседното село Пелинце. Откако неколкупати биле одбиени за социјален стан, а општината Старо Нагоричене не обезбедила превоз за детето, тоа секојдневно пешачи по неколку часа по непристапниот терен за да присуствува на настава. Објавувањето на приказната предизвика големи реакции во јавноста, но не и кај надлежните институции.

    „Никој од државата не се јави да ми понуди помош, ниту за стан ниту за превоз на детето. Тоа секојдневно патува, нема кој да го води, лоши времиња се, студено време, дожд, јас сум слеп човек. Се јавија за сместување во интернатот во Драгоманце, но на детето му треба постојана грижа бидејќи е со посебни потреби. Превоз нема, па детето оди пешки, а превозникот ги зема парите, - вели Новко.

     Градоначалникот на Старо Нагоричане вели дека проблемот ќе се реши за време на распустот и во второ полугодие детето ќе добие посебен превоз.

    Покрај од “Крепост„ се јавија и други граѓани што понудија помош, а еден нашинец од Швајцарија е подготвен да плати кирија за стан за една година на семејството за да детето биде поблиску до училиштето.