×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејството Насевски незадоволно од обдукцискиот наод

    15.03.2010 09:37 | KumanovoNews

     Семејството Насевски од населбата „Перо Чичо„, чиј син во септември мината година беше пронајден мртов во м.в.„Гладно поле„, бара од Судот во Куманово докрај да ги испита околностите под кои Сашо (21) починал,бидејќи се сомневаат во резултатот од обдукцискиот наод.

    Семејството Насевски незадоволно од обдукцискиот наод

     Вештачењето покажало дека на телото на починатиот нема траги на насилство, но не е позната причината за смртта,  додека анализата од коса што треба да покажат дали во крвта имало присуство на дрога, уште не се стигнати.

     - Во судот и Обвинителството не сакаат да ме примат и велат дека случајот е затворено. Јас барам да ми објаснат зошто наодот од косата уште го нема, иако поминаа четири месеци. Обдукцијата покажала  дека смртта е непозната и јас не го прифаќам таквото објаснување. Се сомневам дека моето дете е убиено, а не предозирано.  Чекаа 40 дена да поминат па да направат обдукција, да се распадне телото, за да не се добијат прецизни податоци - вели Снежана Насевска, мајка на Сашо.

    Од судот во Куманово велат дека случајот за нив е затворен и предаден во Јавното обвинителство од каде понатаму ќе се одлучува како ќе се постапува. Таму треба да пристегне и наодот кој го бара мајката, и доколку има елементи Обвинителството ќе покрене постапка и ќе го врати предметот во Судот.

    Насевски беше пронајден мртов на 24 септември на периферијата на Куманово од страна на случаен минувач. Полициско-судските екипи и лекар, утврдиле дека Сашо починал од предозираност, бидејќи имал 6 убодни рани од игла на надколениците и телото не било предадено на обдукција.

    Неколку дена по трагедијата, семејството негираше дека Сашо е уживател на дрога и излезе со обвинување дека тој е убиен, бидејќи некој му се заканувал. Побара да се направи обдукција на телото, која беше извршена на 11 ноември мината година.