×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семинар за традиционална музика и игра „Накуде Скопје“ во Центарот за култура

    11.04.2024 13:19 | KumanovoNews

    Во фоајето и големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, на 16 и 17 април од 18:00 часот ќе се одржи Семинар за традиционална музика и игра „Накуде Скопје“.

    Семинар за традиционална музика и игра „Накуде Скопје“ во Центарот за култура

    „Концептот на семинарот за традиционална музика и игра, се заоснова на два фундумендални постулати, односно на теоретски и практични знаења. Во првиот дел од семинарот, ќе се реализира мастер клас на тема „Накуде Скопје“, кои ќе ги објасни етничките разлики помеѓу споментатите етнички предели. Семинарот ќе овозможи осознавање на овој дел од традицијата преку визуелниот сегмент, еден од најзначајните извори за науките поврзани со традицијата, каде што ќе бидат прикажани традиционални носии. По воспоставените теоретски знаења вториот дел на семинарот за свој фокус ќе има практична работа. Од најархаичните обредни игри до соборски ора, како и од обредни вокални напеви до соборска музичка традиција“, соопштува организаторот.

    Целта на овој проект е афирмација на традиционалната култура во функција на запознавање и доближување кај младата популација, афирмацијата на младите уметници кои се занимаваат со истата, како и стручни усовршувања на носителите на дејноста.

    Мастеркласот и останатите работилници ќе го оддржат етнокореолози кои се млади кадри, но веќе етаблирани во својата дејност.

    Семинарот е поддржан од страна на Министерството за култура како проект од нациоанлен интерес за културата.