Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 17 часот на патот Куманово - Крива Паланка на место викано Смилчинци.
Сообраќајката се случила при директен судир на возило Пасат што се движело кон Куманово, со БМВ што доаѓало од спротивна насока. При судирот дошло до експлозија при што возилата се запалиле.
Екипи од противпожарна единица успеале да ги извлечат две лица што се возеле во Пасатот со кумановски таблички како и едно од БМВ-то, но од пламенот што го зафатил возилото не покажувале знаци на живот.
Кога пристигнала Брза помош само констатирала смрт како последица на тешките изгореници. Еден од нив е полицаец од СВР Куманово кој не бил на службена должност. Во другото возило со скопски регистерски таблички биле маж и жена со две малолетни деца, 4 и 6 години. Три лица што останале заглавени во опожареното БМВ, целосно изгореле.
Се уште не се знае како дошло до директен судир на двете возила но поради дождливото време се претпоставува дека лизгав терен и опасен свиок на патот е причината за тешката сообраќајна несреќа. Неколку часа траеше увидот на истражните органи a регионалниот пат беше затворен за сообраќај во двете насоки па полицијата ги пренасочуваше возилата по споредни селски патишта. Местото на кое што денеска загинаа шест лица е означено како црна точка во сообраќајот.