×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест новозаболени од коронавирус во Куманово, еден во Липково

    04.04.2020 12:02 | KumanovoNews

    Седум нови случаи на заболени од коронавирус се регистиррани во Куманово. Од нив шест се од Куманово и еден од Липково, информираат од Центарот за јавно здравје од Куманово.

    Шест новозаболени од коронавирус во Куманово, еден во Липково

    - Во текот на изминатите 24 часа, имаме нови 7 случаи заболени од коронавирус. Од нив 6 се на подрачје на општина Куманово и еден на ниво на подрачје на Липково. Возрасните групи се движат од 27 најмалиот пациент  па до најстарата возрасна група 70 години. Меѓу нив нема медицински лица. Се прават епидемиолошки анкети се бараат нивните контакти за да навремено се изолираат и да се преземат сите за спречување на ширење на инфекцијата и нивно навремено лекување, - изјави др. Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за Јавно здравје во Куманово.

    Од вчера во Куманово се вршат тестрирање и земање на брисеви на нов пункт преку матичните лекари и во текот на вчерашниот ден се тестирани 18 лица.

    Од центарот аплираат до граѓаните да ги почитуваат мериките од министерството за здравство, Владата и локалната самоуправа, како самоизолацијата за да не се шири вирусот.