×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест патника повредени во карамболот Куманово-Крива Паланка

    02.01.2013 17:54 | KumanovoNews

     Шест лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во која учествувале 8 возила.

    Шест патника повредени во карамболот Куманово-Крива Паланка

    Двајца од патниците се здобиле со потешки повреди, а четворица со полесни, но никој не е во животна опасност.

    Сообраќајката се случила утринава во 7.30 часот, на 7 километри од Куманово, кога поради магла и голомразица на патот се судриле автомобил шевролет со кој управувал Д.М.(40) од Скопје и се дрижел кон Крива Паланка, а од спротивна страна наишло комби што го возел Н.В.(24) од Скопје. По судирот тие го препречиле патот, а поради неприлагодена брзина во нив верижно удриле уште три автомобили, два автобуси, камион и минибус. Тогаш настанала вистинска драма на патот.

    Беше страшно, затоа што неможевме да ги контролираме возилата на голомразицата. Удираше секој во секого. Среќа што нема жртви и повеќе повредени затоа што автобусите можеа да излетаат од патот. Се се случи многу брзо, за неколку минути, и затоа немаше време некој да отиде и да обележи дека има сообраќајка, туку секој што ќе наидеше од зад кривината удираше во колоната- раскажува еден очевидец и учесник во карамболот.

    Најлошо од сите поминал автобусот на АРМ, кој превезувал војници на работа од Крива Паланка кон Куманово. Во него удрил камион на „Македонија-пат„, кој фрлал ризла на патот. При тоа потешко е повреден шоферот и двајца офицери што седеле на првите седишта. Повредените ги сместиле во едно возило да ги пренесе во Кумановската болница, но друг автомобил налетал на него и го удрил. Потоа дошло возило на Брза помош да ги превезе.

    Учесниците во сообраќајката кажуваат дека патот личел на лизгалиште, бидејќи воопшто не можеле да застанат на него.

    Увид на лице место изврши екипа на СВР Куманово и Воената полиција.  

    Поради верижниот судир, сообраќајот на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка беше во прекин повеќе од 3,5 часа. Во тоа време возилата се пренасочуваа на стариот пат Куманово-Крива Паланка.

    Мештани кажуваат дека на овој дел од патот често се случуваат сообраќајни несреќи поради свиокот и непрегледност на патот, но и поради неприлагодена брзина на возилата. (Вест)