Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.
Според официјално објавените податоци, шестмина загинати се на возраст од 21 година, од 18 и 36 години се по четири лица. На 16-годишна возраст се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има на возраст од 19, 29, 32, 33, 43, 47 и 48 години.
Министерството за здравство ги објави имињата на загинатите: Алексова Стефанија (2004), Џамов Јорданчо (1993), Трајчев Иван (2000), Ѓоргиев Џоко (2000), Коларов Александар (1981), Величков Иван (1998), Стојанов Андреј (2000), Aнтова Ивона (2003), Христовски Павел (2004), Димитријев Диме (1994), Насевски Никола (2007), Богданов Тоше (1994), Тодоровски Тоше (1988), Коцева Ана (2004), Живков Адријан (2000), Петрушов Гордан ( 2001), Горгиев Игорче (1976), Стевановски Филип (1988), Стојанов Томче (2003), Стоименова Моника (1999), Стојанов Стојанчо (1988), Пројковска-Николовска Сара (1977), Шопова Марија (1997), Ивановски Петар (2004), Ѓорѓиев Александар (1991), Марковски Матеј (2007), Закова Бојана (1997), Василков Ѓорѓи (1999), Петров Александар (1999), Минова Драгана (2008), Алексова Сара (2006), Ѓорѓиески Андреја (1982), Ивановски Филип (2008), Јорданова Сара ( 2007), Стрезоска Марија (2001), Ефремов Александар (1992), Велков Игор (1980), Тасева-Стојковска Лепа (1998), Атанасовски Мартин (1996), Алексов Александар (1986), Минов Божидар (2001), Милковска Кети (1999), Златков Томас (2003), Соколова Стефанија (2005), Велков Леонид (2007), Наунова Надица (2007), Јорданов Виктор (2000), Панов Андреј (2000), Иванов Димитар (2008), Стоименов Спиро (1998), Владимиров Јове (1993), Андонов Ице (2003), Тасевски Стефан (1988), Величков Ѓорѓи (1994), Стојанов Александар (1986), Христова Сања (1999), Танески Дамјан (2006), Спасова Моника( 1998) и Лазаров Андреј (1999).
Жртвите се денеска погребани во родните места.
Кумановци и денеска на Градскиот плоштад оддаваа почит и палеа свеќи за загинатите во дискотеката во Кочани.