Мени

Сеуште се трага по исчезнатата кумановка

16.05.2016 09:39 | KumanovoNews

 Кумановската полиција сеуште трага по девојката која е пријавена за исчезната.

Сеуште се трага по исчезнатата кумановка

Ф.Б.(23) од Куманово во петокот околу 13.30 часот излегла од дома и повеќе не се вратила. Откако нејзиниот брат не успејал да ја пронајде кај роднините и пријатели, наредниот ден, во сабота, случајот го пријавил во полиција. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.