×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Североисточниот регион ги дефинира приоритетите

    30.09.2014 11:27 | KumanovoNews

    Североисточниот плански регион ги дефинира приоритетите кои ќе влезат во програмата за развој за период 2015-2019 година.

    Североисточниот регион ги дефинира приоритетите

    За таа цел денеска се одржа работилница на која се дискутираше за три теми и тоа транспорт и инфраструктура, земјоделство и рурален развој, економија и инвестиции. На работилницата организирана од Центарот за развој на североисточен плански регион и Германско друштво за соработка ГИЗ РЕД присуствуваа претставници од шестте општини во регионот, бизнис секторот и невладини организации.

    “Денеска ни е третата работилница од предвидените шест. Се надеваме дека ќе продолжиме како што беше во првите две работилници, кога имавме свот анализи кои работи ни се потребни и се од регионално значење за развој. Се надеваме дека таа плодна соработка ќе продолжи и дека ќе направиме една добра програма“ - рече Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    Од ГИЗ РЕД велат дека во програмата ќе влезат издржани проекти кои ќе треба да се реализираат во наредните години.

    “Сега инсистираме да бидеме поконкретни и појасни. Во сегашната програма внимаваме да имаме проекти и активности за кои ќе имаме буџет од Македонија или од странство. Да не ги заборавиме приоритетите на регионот, низ овие теми ќе се идентификуваат приоритетите. Земјоделство е голема област, но треба да видиме што конкретно треба за земјоделство“- објаснува Хамси Бехлули, регионален координатор на ГИЗ РЕД програма за североисточниот регион.

    Утре ќе се дискутира за животна средина, туризам, култура, образование и социјална статистика во регионот.

    Програмата за развој на регионот за 2015 - 2019 треба да биде готова за два до три месеци.