Североисточниот регион има потенцијал за развој на туризам
По повод Европскиот ден на претприемачот вчера беа презентирани развојните потенцијали на североисточен плански регион.

Целта беше да се видат кои сектори имаат шанса за раст во регионот, при што беше утврдено дека тоа се туризам, зелени индустрии и секторот на информатички технологии.
Според методологијата која ја користевме дојдовме до тоа дека три сектори предничат кои можат да придонесат за побрз развој на овој регион. Тоа се туризам, зелени индустрии и секторот на информатички технологии. Луѓето од јавниот сектор, од бизнис секторот ќе ги презентираат активностите кои треба во иднина да се преземат. Североисточниот регион е еден од најсиромашните во Македонија - изјави Филип Секулоски од Преда плус фондација.
Тој вели дека предлозите се однесуваат за мали инвестиции кои можат да придонесат за развој на регионот.
За зелени индустрии предност е тоа што има неискористен хидро потенцијал во Липково, Ранковце и Крива Паланка, како и сончев потенцијал.
За развој на туризмот има голем број транзитни места, знаменитости кои треба маркетиншки да бидат промовирани и значајна е близината со Скопје.
За ИТ технологијата беше кажано дека во регионот нема квалитетна обука и постои одлив на млади кадри од оваа бранша.