×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Североистрочниот регион со најмало учество во бруто-домашниот производ

    24.11.2022 16:52 | Оливера Пешевска

    Североисточниот регион со 4,9% има најмало учество во националниот бруто-домашен производ  (БДП) , покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2021 година.

    Најголем БДП генерира Скопскиот регион -  43,9%,а останатите региони се движат некаде околу 9 проценти, а најслаб е резултатот од  Полошкиот регион, кој изнесува   7,4 проценти.Податоците за тековната 2022 ќе се обработуваат следната година.

    Североистрочниот регион со најмало учество во бруто-домашниот производ

    Североисточниот регион бележи пад во учеството на БДП во изминатите 5 години.  Иако има пораст во инвестиции на основни средства за 64.1% во однос на 2020 година,  сепак регионот останува најслабо развиен во државата. На статистиката влијае  и тоа што многу кумановчани работат во Скопје и дневната миграција на работна сила ги одлева средствата сметани по глава на жител.

    Минатата година,  Североистокот остварил профит од нешто повеќе од 2,5  милијарди  денари, сума многу помала во однос на останатите 7 плански региони во Македонија.Во нашиот регион има 18.058 вработени,а бројот на правни субјекти бележи пораст за 1.749 фирми. Лани дури немало и драстичен пораст на затворени фирми и субјекти кои барале бришење од Централниот регистер на РС Македонија.

    Најголем удел во локалната економија имаат малите и средни трговски друштва,а по нив следуваат  општествените организации,фондации и здруженија.Потоа се  другите услужни дејности и преработувачката индустрија.Градежништвото како дејност во локалниот колач е застапено со 6% од вкупно регистрираните фирми. Но, во делот на финансиите не се достапни податоци за приходи по поединечни сектори.

    За стабилизирање и раст на развојот на Североисточниот плански регион мора да се интензивираат работите во регрутација на нови инвеститори,но и формирање на поголеми фирми, кои би имале по повеќе од 250 вработени. Доколку работите во најкус можен рок не се променат регионот уште повеќе ќе заостанува во однос на другите региони,ќе го намалува својот удел во БДП и приходот по глава на жител ќе бележи пад.

    Во минатите години беа отворени неколку производни капацитети во т.н.  индустриска зона во с. Речица,но очигледно е  дека и тоа не помага во поправање на општиот впечаток. По сила на логиката, токму Североисточниот регион треба да е податлив и пожелен за инвестиции поради близината на две меѓудржавни граници и Коридорот 10. Останува да се види дали инвестицијата, најавена како голема, на  меѓународниот малопродажен бренд Лидл, ќе ја поправи општата оценка.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk