×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СИБРИГ донираше дефибрилатор на Домот за стари лица во Куманово

    15.01.2025 15:03 | Оливера Пешевска

    Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово доби дефибрилатор од Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ), која е стационирана во Куманово. 

    СИБРИГ донираше дефибрилатор на Домот за стари лица во Куманово

    Донацијата е резултат на долгогодишната соработка на двете институции, а со неа се добива можност за значително унапредување на услугата кон корисниците на услугите во домот.

    „Заедницата ни има пружено многу, а ние секогаш се чувствуваме обврзани дека треба да дадеме нешто назад кон неа. Нашата донација е мала, но според зборовите на Мајка Тереза „ако не можеме да направиме големи нешта, сите сме способни да направиме мали работи со голема љубов“. Со голема љубов од сите 6 нации на СИБРИГ донираме медицинска опрема – дефибрилатор во случај корисниците на услугата во „Зафир Сајто“ да имаат потреба од него, иако се надеваме и посакуваме никогаш да не се употреби“, истакна бригадниот генерал Биљбил Битри, комадир на СИБРИГ.

    Ова е прва донација од бригадата во Домот за стари лица, но во рамките на можностите СИБРИГ досега донирала на училиштата и општината. Командирот Битри нагласи дека заслугата за ова донација мора да оди кај вработените во Домот за стари лица, и на директорот поради нивната посветеност, трудот што го вложуваат 24/7 обидувајќи се да им го направат животот на лицата од трето доба полесен и подобар за сите кои се во овој дом.

    „Добиваме една вредна машина, која да бидам искрен воопшто никогаш не била во нашите планови да биде набавена. Се надевам, како што кажа генералот, нема да биде користена многу, но ќе ја користиме доволно. Иако е мала е многу вредна, спасува човечки животи, а тоа е единствено битно. Се надевам дека ќе продолжи нашата добра соработка, веќе разговаравме на ова тема и исто така дека во 2025 домот ќе чекори на патот на развојот и унапредување на квалитетот на услугата која ја нуди и на граѓаните на Куманово и на Македонија“, изјави директорот Дејан Стојановски.

    Гостите имаа можност да се запознаат со условите и можностите на институцијата, а имаа и работна средба за размена на искуства, идеи и предлози за продлабочување на соработката.

    Домот работи со максимално искористен капацитет, моментално во него се сместени 170 корисници на услугата.