×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шилегов: Без млади луѓе нема перспектива во државата

    18.04.2014 17:27 | KumanovoNews

    Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица Петре Шилегов, попладнево ја посети населбата Ајдучка Чешма, каде на жителите има ја претстави предизборната програма.

    Шилегов: Без млади луѓе нема перспектива во државата

    Нас како држава ни треба нов почеток, бидејќи ние немаме анекси на нашите животи. Тука сме за да се обратиме на граѓаните, да им ги понудиме нашите решенија за тоа како младите да останат во оваа држава, тука да ја бараат егзистенцијата, тука да ги засноват своите семејства. Меѓутоа немаштијата и социјалната неправда ги тера луѓето да заминуваат со цел да обезбедат минимум егзистенција за себе и за своите семејства. Многу од нив за жал не се враќаат, што е погубно за државата, затоа што без млади луѓе нема перспектива во државата. Ако тој континуитет не го прекинеме, тогаш брзо ќе дојде денот кога ќе има проблеми и во пензискиот и во здравственото осигурување, бидејќи ќе нема доволно луѓе кои ќе генерираат приходи, - рече Шилегов.