Сиријци со лажни лични карти сакале да поминат на Табановце
22.07.2014 10:30
| KumanovoNews
Петмина сиријски државјани со фалсификувани лични карти се обиделе да излезат од Македонија на граничен премин Табановце.

Е.А.(33), А.А.А.(33), С.А.(34), А.С.(27) и А.А.(35) на почетокот на месецов на граничен премин Табановце за излез од земјата приложиле четири грчки и една бугарска лична карта. Од страна на пасошка контрола е утврдено дека се работи за фалсификувани документи, а нивните пасоши биле најдени во нивниот личен багаж.
Против сириските државјани се поднесени кривични пријави за фалсификување исправа.