„Сите за слободни избори“ во Куманово
21.12.2015 14:52
| KumanovoNews
Цивил-Центар за слобода утре на Градскиот плоштад во Куманово, од 16.30 до 18 часот ќе одржи јавен настан “Сите за слободни избори“, како дел од проектот “Слободни избори за слободни граѓан(к)и“.

ЦИВИЛ подготви видео содржини и печатен материјал за настанот во Куманово. Сите свесни и слободољубиви граѓанки и граѓани се повикани да гледаат вести во живо во продукција на ЦИВИЛ Медиа. Посетителите ќе можат да учествуваат и во фото-петицијата за поддршка на слободните избори, а микрофонот ќе биде достапен за сите што сакаат да споделат информации и ставови.