Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Извидничкиот одред “Скаут“ запиша 30 нови членови претежно средношколци.
Од “Скаут“ велат дека интересот за запишување оваа година е послаб во однос на претходните години.
Се запишаа млади луѓе на возраст од 15 до 19 години, но интересот е слаб најверојатно заради економско - социјалната ситуација во државата. Членувањето во извидничкиот одред е бесплатно, добороволно, сместувањето на планина не е скапо, но проблем се трошоците за транспорт - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на “Скаут“.
Заедно со новите членови бројот на извидници во „Скаут“ се движи околу 100.
Извидниците неодамна беа на натпревар во Смедеревска Паланка, а наскоро ќе одат и на натпревар во Ниш, Србија.